Во екипата на Таганрог или како што ги нарекуваат во Русија, „Донски козаци“ наскоро ќе дојде до нова промена на тренерската позиција, а информациите говорат дека на оваа позиција ќе се најде поранешниот олимписки шампион, Сергеј Бебешко.
Стратегот кој е од Украина и во својата кариера беше на клупата на Динамо Минск, Мотор Запорожје, Мешков Брест и репрезентацијата на Украина има можност да биде дел од најсилната лига на Русија.
Како што пишува „Брз Центар“, со доаѓањето на Бебешко тимот на Таганрог сигурно би станал поконкурентен, а ова би бил уште еден клуб кој би влегол во трка за титулата со Чеховски медведи и ЦСКА Москва.
Информациите говорат дека промената на кормилото би се случила на почетокот на следната година, а покрај доаѓањето на Бебешо се очекува да пристигнат и неколку засилувања за поголема конкурентност на сите позиции во екипата.