Една убава навивачка приказна: Спортот и трибините ги збратимија Македонија и Словенија (ВИДЕО)
Ривалство на терен, на трибини убаво пријателство. Тошо од Кочани и Иван од Горна Радгоња кај Марибор се запознале на СП 2017 во Мец кога Македонија и Словенија играа во иста група. Македонските и словенечките навивачи оттогаш често се сретнуваат на трибините, а Тошо и Иван веќе се и добри пријатели. И двајцата се страстни навивачи, го сакаат спортот и своите репрезентации. На трибините се заедно и си даваат поддрѓка едни на други, но Иван сепак, фер признава дека Македонците се подобри на трибини „Македонското навивање е поубаво. Фасцинирани сме колку македонски навивачи има овде во Дебрецин. Воодушевен сме“ – вели Иван.