вторник, септември 16, 2025

Еве го првиот гол на Бразилецот Дутра за Вардар (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона од регионалната СЕХА лига. Актуелниот шампион на Македонија на гостувањето во Словачка кај Татран Прешов беше поразен со четири гола разлика, 27:23. Свој деби настап во ,,црвено црниот" дрес имаше репрезентативецот на Бразил, Леонардо Дутра, кој го засили тимот на Недановски за пролетниот дел од оваа сезона. Бразилецот против шампионот на Словачка успеа да постигне 3 гола, а дебитанскиот гол за Вардар го реализираше во 18 минута од натпреварот.