Душебаев го „удри“ Карачиќ со глава во аркадата, но Лијевски со „бакнеж“ ја излечи болката (ВИДЕО)

 

Полскиот Келце обезбеди пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако славеше во реваншот против Веспрем со 31-27. На еден од домашните тајм-аути се случи урнебесна ситуација, кога Алекс Душебаев во обид да објасни некоја од акциите што ќе се играат, го удри со главата Игор Карачиќ во аркадата. Но тука беше бакнежот од Криштоф Лијевски, кој излечи се, па некогашниот среден бек на Вардар потоа постигна два одлични погодока. Погледнете....