Дувњак: Проблемите се зад мене, Светското првенство е голема цел за Хрватска

Домагој Дувњак, капитенот на хрватската репрезентација, потврди дека е подготвен, а деновите во селекцијата ги поминува во добро расположение.

Дувњак смета дека оваа репрезентација на Хрватска е добар микс на помлади и поискусни ракометари.

„Чувството е феноменално во репрезентацијата. За жал во јануари не бев спремен и не можев да помогнам, сега се е во ред. Грбот ми е добро, коронавирусот повеќе го нема и се вратив во репрезентацијата како и некои други поискусни играчи Со младите кои се покажаа навистина во добро светло на Европското првенство имаме многу добар микс на стари и млади. Сигурен сум дека тоа во иднина ќе изгледа добро“, изјави Дувњак.

Најдобриот хрватски ракометар зборуваше и за она што е примарна цела за хрватската репрезентација.

„Добро тренираме и добро работиме. Се припремаме на квалитетен начин за она што ни следи во април. Посебо работиме на одбраната и секој ден тоа изгледа се подобро. Работиме на детали кои можат да ги одлучат натпреварите и се обидуваме се максимално да поправиме. Ќе гледаме видеа од Финска која морам да признаам за мене е непознаница. Но добро, фаворити сме и ќе се спремиме што е можно подобро за тие дуели во април. Светското првенство? Тоа е голема цел за Хрватска, посебно затоа што не бевме вистински на претходните две и од тоа не бегаме. Исто така на Светското првенство се одлучува за патниците на Олимписките игри. Се надевам дека ќе бидеме здрави и спремни за вистински резултат“, заклучи Дувњак.