Хрватска имаше шанса со победа против Данска да обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското превенство, но беа поразени убедливо со 26:38 и за нив заврши турнирот.
После натпреварот капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Домагој Дувњак имаше свое видување за нивното издание и се извини на целата хрватска јавност во името на сите.
„Пред сè како капитен се извинувам на хрватската јавност. Уште од првиот натпревар не сме вистинските, не бевме Хрватска од минатата година, ништо не функционираше. Денеска добивме добра лекција, првото полувреме беше во ред но во продолжението исчезнавме од теренот. Морам да кажам дека ова е најслабиот турнир за Хрватска и преземам дел од одговорноста“, рече Дувњак хрватски РТЛ.
После настапот на Светското првенство и раната елиминација на Хрватите им претстои квалификациски турнир на кој ќе се обидат да изборат настап на Олипијадата во Токио, најверојатно со нов селектор.