Драма од пет секунди – рано се израдуваа на победата, па останаа без неа (ВИДЕО)
Екипите на Глорија Бузау и ЧСМ Букурешт одиграа нерешено 22:22 во 6. коло од првенството на Романија за жени. Екипите ги поделија бодовите после голема борба и неизвесност во завршницата. На пет секунди до крај екипата на Глорија постигна гол за водство од 22:21, но и тоа не беше доволно за победа. Со брз центар ракометарките на ЧСМ Букурешт успеаја да реализираат на празаната мрежа во последната секунда и да избегнат пораз. Последните секунди од натпреварот погледнете ги во следното видео...