Драма за 45 секунди: Скопје имаше напад за победа, ама… (Видео)

Градското дерби во плејаутот на машката Супер лига меѓу Скопје и Јуниор КВ немаше победник, па двете екипи може да жалат што останаа покуси за два бода.

Во последните 45 секунди од мечот имаше драма. Скопје водеше со 25-24 и имаше напад за дефинитивна победа.

Техничка грешка на 12 секунди до крај, и со брзо префрлање и „финта“ на Печенковски гостите дојдоа со бод вреден како планина.