ДРАМА во Шведска – 81 гол, четири продолженија и шут-аут за да биде решен победник! (ВИДЕО)

Голема драма и неизвесност донесе полуфиналето од плеј-офот во машкото првенство во Шведска помеѓу Шевде и Кристијанштад. Не само што регуларните 60 минути не беа доволни да се одреди победникот, туку не беа доволни ниту четирите продолженија од по пет минути. На крајот по продолженијата резултатот гласеше 36:36, па така победникот мораше да се решава со изведување наа пенали, односно шут-аут. По десет изведени удари, Шевде го доби натпреварот со 41:40 и поведе со 1:0 во плеј-оф серијата. Одлучувачкиот пенал го реализираше Матијас Хелт Јепсен кој беше и најдобар стрелец на средбата со 11 гола. Серијата во шведскиот плеј-оф се игра до три победи на еден од тимовите. Погледнете дел од погодоците....