ДРАМА во Шведска: Не беа доволни ни продолженија, шампионот се решаваше со шут-аут (ВИДЕО)

Тимот на Иштад по 30 години пауза повторно стана шампион на Шведска. Иштад во финалната серија беше подобар од Сковде со 3-1 во победи, а последниот натпревар беше вистинска драма. Новиот шампион славеше со 47-46 дури по извведувањето на пенали, односно шут-аут. Во регуларниот дел беше 32-32, по продолженијата беше 42-42, па мораше да има пенали. Тука домаќините беа поуспешни со 5-4.