ДРАМА во Русија: Губеа два разлика на 14 секунди до крајот, но стигнаа до бод (ВИДЕО)
Во рускиот шампионат се одигра интересен натпревар меѓу големиот фаворит за титулата Ростов Дон и Лада Толјати, кој заврши 31-31. Гостинките водеа со 29-31на 14 секунди до крајот, но набрзина Луис Абинг даде гол за 30-31. Несфатливо брзаа ракометарките на Лада да изведат напад, згрешија во првото додавање и Манагарова јапроигра Боршенко, која стрелаше во последната секунда за реми, 31-31 и за голема радост на навивачите.