{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 47Ако стружани се понадеваа дека во „Борис Трајковски“ може да му парираат на Алкалоид, целата стратегија им падна во вода после првите 20 минути. Младите и полетни домаќини, брзо ги решија дилемите, ги користеа сите шанси, иако повремено паѓаа во темпото. Разликата на крајот можеше да биде и повисока, но и помала. Овие седум гола разлика, 36-29 се само одраз на моментаната игра. Самиот факт што Струга постигнаа толку голови укажува на добра ефикасност и добра игра во напад. „Сините“ веќе се етаблираат во тим што сигурно ќе разигрува за титулата, а Струга досега во првенството покажа сила со која сигурно ќе се бори за место во плејофот.