Францускиот клуб Тулон го раскина договорот со ракометарката Шлое Буле која пред неколку месеци стана мајка.
Десното крило во Тулон пристигна пред почетокот на сезоната 2019/2020, а минатото лето вицешампионката на Олимпијадата во Рио со капитенски статус во својот тим објави дека е бремена. Планот на Буле беше да се врати во тимот на крајот од актуелната сезона.
Меѓутоа работите нема да се одвиваат според нејзиниот план затоа што клубот и го раскинал договорот. Нејзиниот договор беше според системот „1+1“. Според нејзините зборови дека нема да и биде продолжена соработката била информирана преку порака, без ниту еден од претставниците на клубот да разговара со неа.
„Ова не е спортски, не е професионално. Договорот не ми е продолжен само затоа што добив дете. Официјално ова нема никогаш да го кажат, но сите знаат дека е така. Од капитен се претворив во ништо“, изјави младата мајка.
Во ваква ситуација таа најави дека ќе биде принудена да ја заврши кариерата.
„Немам право да дојдам ниту до вип трибината, не сум на листата за натпревари…Многу пати се преселив, менував клубови, но сега се сместив во Тулон. Немам други опции, ќе морам да ја завршам кариерата“, изјавила Буле за порталот „Quest France“.