View this post on Instagram
Дисингер како на времето во Вардар – ја „собра“ пајажината од голот на Барса (ВИДЕО)
Поранешниот член на Вардар, Кристијан Дисингер, кој од оваа сезона го носи дресот на Динамо Букурешт, заедно со неговиот тим беа поразени на домашен терен од актуелниот европски шампион, Барселона, со пет гола разлика, 30:35, во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите. Ракометарот од Германија беше меѓу најефикасните во екипата на Динамо Букурешт. Дисингер на натпреварот против Барселона успеа да постигне три погодоци од пет обиди. Еден од погодоците на Дисингер беше забележан низ призмата на ЕХФ, која сигурно ќе му додели место на поранешниот вардарец во изборот за најубав гол на 11. коло.