{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 38Директорот на младинската репрезентација на Македонија на Европското првенство во 2002 година во Полска, Марко Миркуловски ја збогати спортската историска литература во Македонија со објавувањето на книгата „Пенал за финале“, а на денешната промоција собра голем дел на ракометни работници. Покрај тоа одново собра дел од ракометарите кои играа на тој шампионат. После 20 години тие одново беа на едно место така што можеа да се потсетат како беше тогаш кога го постигнаа најголемиот успех.