Димитриевски прв стрелец, но Синфин освои само бод

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски кој нaстапува во шпанската Асобал лига со својот клуб Синфин Сантандер одигра само нерешено, 24:24, во 15. коло против последниот тим на табелата Цисне.

После првиот дел гостинскиот тим имаше водство 12:11. И во завршните пет минути Синфин влезе со негатива од 21:22, но до крајот на мечот обезбеди еден бод.

Димитриевски имаше одличен настап и беше најдобар стрелец во својата екипа со шест гола од седум удари, сепак, имаше слаба поддршка од соиграчите за да освојат два бода на овој меч.

Синфин и понатаму продолжува со слабите изданија во Асобал лигата и останува во долниот дел на табелата. Составот на Димитриевски се наоѓа на 16. место од 18 тимови со ист број бодови како денешниот противник кој е на дното на табелата.