Дибиров за 24Ракомет ТВ: Беше многу возбудливо да се игра пред публика, Вардар ќе биде уште подобар (ВИДЕО)
Тимот на Вардар успеа да го победи Еурофарм Пелистер во драматичен натпревар во финалето на Струшкиот турнир дури по продолженија со 33-32. Публиката на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ имаше можност на дело да ги види новите засилувања на двете екипи кои прикажаа одлична игра. МВП на турнирот беше Тимур Дибиров, кој вели дека не очекува интересна сезона, но и дека од Вардар може да се очекуваат само подобри изданија. Целосната изјава погледнете ја во продолжение...