Денис Тот херојот на Охрид – Го матираше Металург за голема победа (ВИДЕО)

Екипата на Охрид дојде до победа против Металург од 27:26 на домашен терен откако во последниот напад беше реализиран удар од зад линијата од девет метри. Стрелец на голот беше интернационалецот од Хрватска, Денис Тот кој погоди за победа и три бода на охриѓани. Натпреварот беше интересен и беше јасно дека нијанси ќе решаваат. Сепак, во последниот напад охриѓани одработија според планот и имаше реализација, а после голот немаше време за Металург за напад, па тимот од Автокоманда остана без бодови на уште еден натпревар.