ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на нов испит, Романија е следен ривал на ЕХФ шампионатот

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ја очекува третиот натпревар на ЕХФ шампионатот во Варна во источниот сосед.

Ривал на избраниците на Бранко Ангеловски ќе биде селекцијата на Романија, која мора да биде совладана ако сакаме да останеме во трка за полуфиналето.

Покрај натпреварот на Македонија, денеска во Варна ќе се играат уште три натпревари.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ШВАЈЦАРИЈА – КОСОВО (ЕХФ ШАМПИОНАТ МЛАДИНЦИ)

14:00 МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ МЛАДИНЦИ)

16:00 ЛИТВАНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (ЕХФ ШАМПИОНАТ МЛАДИНЦИ)

18:00 ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ (ЕХФ ШАМПИОНАТ МЛАДИНЦИ)