Денес на Светското младинско првенство, кое се одржува во Грција и Германија, ќе се одигра последното трето коло од групната фаза.
На денешната програма на младинскиот Мундијал ќе има 16 дуели, на дел од нив се очекува да има голема неизвесност.
Франција и Полска во меѓусебниот дуел ќе одлучуваат која од нив ќе обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 репрезентации.
Репрезентацијата на Србија, која во претходните две кола беше убедлива против Чиле и Мароко, за првото место во групата Г ќе се бори со незгодниот Исланд.
Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Португалија и Бразил, односно Унгарија и Данска.
Распоред на денешните натпревари
12:15 БАХРЕИН – ГРЕНЛАНД
12:15 ЧИЛЕ – МАРОКО
13:15 ЈАПОНИЈА – АНГОЛА
13:15 ТУНИС – ЛИБИЈА
14:30 АРГЕНТИНА – НОРВЕШКА
14:30 КУБА – САУДИСКА АРАБИЈА
15:30 ХРВАТСКА – САД
15:30 КУВАЈТ – КОСТАРИКА
17:00 ЕГИПЕТ – ГРЦИЈА
17:00 ШВЕДСКА – СЛОВЕНИЈА
18:00 АЛЖИР – ГЕРМАНИЈА
18:00 ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА
19:15 УНГАРИЈА – ДАНСКА
19:15 СРБИЈА – ИСЛАНД
20:15 ПОРТУГАЛИЈА – БРАЗИЛ
20:15 ШПАНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
Женската младинска репрезентација на Македонија со почеток од 17:00 часот ќе игра против Холандија во рамки од подготвителниот период пред настапот на ЕП во Романија.