Ракометарите на Нант остварија нова победа во првенството на Франција, откако во 25. коло на домашен терен ја совладаа екипата на Шамбери со 30:24 иако после првиот дел имаа негатива.
Кирил Лазаров овој натпревар го заврши со два постигнати гола, еден од игра и еден од седмерец, а имаше и едно исклучување од две минути. Најзаслужни за триумфот на Нант беа Ривера со девет гола и голманот Нилсен кој имаше 18 одбрани.
Шамбери имаше добро издание во првото полувреме и после 30 минути игра на паузата заминаа со предност од 12:10. Сепак, во продолжението работите си дојдоа на свое место и Нант успеа да направи пресврт и да стигне до планираните бодови.
Со овој триумф Нант се зацврсти на третата позиција на табелата зад Монпелје со заостанување од пет бода и ПСЖ кој е далеку напред и на чекор до нова шампионска титула. Во следното коло Нант и Лазаров гостуваат кај Истр.