Два клучни моменти – како Вардар го победи Охрид (ВИДЕО)

Со одбраната на Борко Ристовски во 58 минута и голот од пенал на Дарко Ѓукиќ во следната минута, Вардар успеа да победи и да го скрши силниот отпор на Охрид во првото коло од плејофот во домашната лига. Црвено-црните победија со 28-26 (12-13), а гостите имаат за што да жалат против ослабениот и не целосно мотивиран тим на Вардар. За македонскиот тим ова се важни бодови во трката за титулата, особено што во плејофот тргнаа со позитива од пет бодови како резултат на првото место од регуларниот дел на сезоната.