четврток, октомври 30, 2025

Дарле мора на одмор по нокаутот од Гутиерез (ВИДЕО)

Селекцијата на Франција мораше да направи промена на голманите пред средбата со Русија од второто коло на главната рунда. На вчерашниот дуел со Шпанија, голманката Клеопатра Дарле доби силен удар во главата од левото крило Џенифер Гутиерез, по што веднаш ја напушти играта и до крајот бранеше Амандин Лејно. Иако веројатно не се работи за ништо сериозно, сепак францускиот селектор реши да ја вметне во ростерот Лора Глосе на местото на Дарле. Погледнете го моментот кога Дарле беше нокаутирана....Фото: Урош Хочевар/Kolektiff