View this post on Instagram
Гулден ги шокираше шампионките, го однесе Брест во финале (ВИДЕО)
Ракометарките на Брест се први финалистки во Лигата на шампионите откако во полуфиналето го елиминираа актуелниот првак Ѓер после изведувањето на удари од седум метри. Во регуларните 60 минути резултатот беше 20:20, а потоа и после дополнителните десет минути беше нерешено, 23:23. Пенал рулетот беше за ракометарките на Брест, а ракометарката која стави точка на овој натпревар беше искусната Швеѓанка, Изабела Гулден. Европа добива нов првак утре, а Брест може мирно да го очекува противникот во финалето. Ќе игра против победникот Кристијансанд и ЦСКА Москва.