Во дресот на Кокс на средбата против Еурофарм Работник во Битола настапи и Александар Гуглета, ракометарот кој настапуваше за екипите на Металург и Пелистер. Тој мораше поразен да си замине од Битола, а вели дека Еурофарм Работник има измени во однос на лани, а пред сè го пофали Митревски за кого вели дека значи многу за екипата.
Со оглед на тоа што е и македонски зет, тој вели дека има многу работи кои му недостигаат.
„Доста добро си поминав деновиве во Македонија. Ми недостига многу атмосферата од овде, а ми недостигаат и пријателите“, изјави Гуглета пред камерата на 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.