понеделник, септември 1, 2025

Гоце Георгиевски како капитен се прости од репрезентацијата (ВИДЕО)

Десното крило Гоце Георгиевски денеска го игра последниот натпревар во дресот со националниот грб. Тој за последен пат ја испеа македонската химна во репрезентативниот дрес на дуелот со Турција од квалификациите за ЕП 2024 година. Пред стартот на мечот доби овации од присутната публика и врамен дрес од РФМ за спомен и долго сеќавање на настапите за Македонија. Зад неговото име во репрезентацијата се запишани многу голови и настапи на сите големи натпреварувања од 2013 година па наваму. Во отсуство на Никола Митревски, Георгиевски ја имаше честа да биде капитен на националниот тим.