Поранешниот репрезентативец на Македонија, а сега тренер на Бутел Скопје – Горан Кузманоски, двајца членови на Прилеп – Христи Бикоски и Иван Ангелески, како и ракометарот на Скопје – Леонид Киселовски, се учесници на кампот „Ракомет за сите“ во Кладово (Србија), а истиот е под водство на поранешниот тренер на Вардар и екс селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ.
Во оваа година се одржува 13 издание на ракометниот камп на Драган Ѓукиќ, кој има за цел тренерите и младите играчи да научат многу работи од врвните ракометни стручњаци, кои своето знаење и искуство ќе им го пренесат преку различни методи на предавање.
Во претходните 12 изданија учествувале многу ракометни професионалци од сите страни на светот, а поради уникатноста и квалитетот на предавачите, ракометниот камп на Драган Ѓукиќ секоја година привлекува се повеќе млади ракометари и ракометни експерти.
На годинешното издание на ракометниот камп покрај Драган Ѓукиќ, меѓу предавачите се Аким Комнениќ – тренерот на Макаби Тел Авив, Даниел Анѓелковиќ од францускиот Тулуз, стратегот на Веспрем – Момир Илиќ, селекторот на Белгија – Јарим Сила, тренерот на ЧСМ Букурешт – Адријан Василе…