Гол за ТВ шпици: Ѓорѓевски ги измами сите од слободен удар и донесе бод за ѓорчевци (ВИДЕО)
Натпреварот во плеј-аут групата во Првата машка лига меѓу екипите на Борец и Македонија ЃП заврши без победник, 25:25. Главен виновник за бодот на гостите беше ракометарот на Македонија ЃП, Александар Ѓорѓевски, кој по истекот на регуларните 60. минути од слободен удар постигна фантастичен гол низ поставениот блок на домаќините. Ѓорѓевски беше втор стрелец во својата екипа со пет погодоци, четири погодоци постигна во првото полувреме, додека последниот гол на натпреварот го постигна кога беше најпотребно. Голманот на Борец, Никола Таневски, беше немоќен во целата ситуација и му дозволи на гостинскиот тим од Ѓорче Петров да си замине со бод....