Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Охрид – Астраион (ЛИНК)

Денеска ќе биде одигран уште еден од заостанатите натпревари од Супер машката лига, а Охрид го пречекува составот на Астраион. Средбата се игра во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид каде што тимот на Охрид е фаворит за победа. Не би требало да биде никаков проблем за домашните така што ова треба да е лесен дуел за охриѓани кои се наоѓаат пред нов триумф. Денеска сè води кон победа за Охрид, тим кој влегува со голема предност во однос на квалитетот на овој дуел. Инаку, средбата стартува од 18:30 часот.