Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – Струга (ЛИНК)

Ракометарите на Металург денеска го пречекуваат составот на Струга во 9. коло од плеј-офот во Супер машката лига. Металург влегува како фаворит на овој дуел и сите очекувања се да нема поголеми проблеми за да дојде до бодовите. Сепак, стружани сезонава покажаа дека никој не може предвреме да впише бодови против нив што е најава за интересен натпревар. Тоа го потврдува и резултатот од првата средба кој беше 28:28. Оттаму ова ќе биде интересна средба која почнува во 16 часот, а се игра во салата во „Автокоманда“.