Со натпреварот меѓу Македонија и Фарски острови вечерва во СЦ „Јане Сандански“ финишира третиот ден од натпреварите на ЕХФ шампионатот. Овој дуел може да и донесе на Македонија практично полуфинале со оглед на тоа што до крајот ќе останат дуели со Холандија и Косово.
Победа денеска ќе значи нови два бода. Со оглед на тоа што Холандија игра максимално, а Косово нема бодови тоа значи дека победата значи многу за девојките.
Овој дуел против Фарски острови ќе го судат Русите Антон Анташев и Денис Мусатов. Средбата почнува во 20:30 часот, а може да ја следите на следниот ЛИНК.
*претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.