Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер 2 – Вардар (ЛИНК)

Вториот состав на Еурофарм Пелистер секогаш е незгоден ривал без разлика кој е противникот со оглед на тоа што момците играат многу борбено. Така ќе биде и денеска против Вардар, а ова ќе биде голем предизвик за младите ракометари така што и вардарци ги очекува незгодно гостување. Ова ќе биде интересна средба и дефинитивно ќе има што да се види на теренот. За очекување е да биде одигран добар натпревар кој почнува од 15 часот, а се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.