Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот ГРК Тиквеш – Металург (ЛИНК)

Денеска се игра претпоследното коло од есенскиот дел во Групата Б од Супер машката лига. Составот на ГРК Тиквеш се соочува со Металург на домашен терен во обид да дојде до задржување на шансите за пласман во плеј-офот напролет. На кавадарчани им е потребна победа за да можат да ги задржат шансите за место меѓу најдобрите, а тоа ќе може само со победа против „металурзите“. Натпреварот се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци, а почнува исто како и другите два дуели од 19 часот.