Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

И првата екипа на Еурофарм Пелистер денеска гостува во Скопје, а игра против Бутел. На овој дуел гостите влегуваат како фаворити на хартија и се очекува да бидат во предност на теренот. Бутел Скопје покажа и на првата средба во Битола дека може да му парира на противникот и да му зададе грижи така што дефинитивно ќе биде интересно на теренот. Сепак, факт е дека предноста на гостите пред почетокот на натпреварот е голема. Почетокот на овој дуел е од 19 часот, а се игра во салата „Антон Димитров“ во Скопје.