Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Астраион – ГРК Тиквеш (ЛИНК)

Ракометарите на Астраион и ГРК Тиквеш денеска ќе имаат натпревар на кој гостите влегуваат како големи фаворити. Кавадарчани се лидери во плеј-аут лигата и гостуваат кај последнопласираниот состав на табелата. Астраион на овој дуел ќе има тешка задача, па ќе мора да се одработи далеку подобро од сите очекувања за да се дојде до посакуваното. Денешната средба се игра во салата во СОУ „Димитар Влахов“, а почетокот е во 17 часот.