Гледајте ги ВО ЖИВО натпреварите од меморијалниот турнир „Томе и Гоце“ (ЛИНКОВИ)

По повеќе од 15 години минати од историските моменти и најголемите домашни и меѓународни успеси на Младост Богданци, во чест и сеќавање на сега покојните претседател Гоце Петрушев и секретар Томе Лисичков, денеска во Богданци ќе се одржи третиот меморијален турнир. Турнирот ќе започне од 10:00 часот и ќе трае цел ден, а ќе играат четири кадетски екипи – домаќинот Младост, Металург, Бутел Скопје и Голден Арт. Сите четири меча, двете полуфинални средби и дуелот со третото место и финалето, може да ги следите на линковите во продолжение...