{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 36Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од Германија со убедливи 34-21 и ќе игра против Хрватска за 11 место во светот. Натпреварот беше решен во финишот од првото и на стартот од второто полувреме, кога Германките направија висока предност, која неможевме да ја бркаме. Голманката Чурлиновска имаше десет одбрани, четири гола дадоа Емилијана Ризоска и Теодора Дукоска, додека по три погодоци имаа Борјана Коцева и Ива Младеновска. По овој пораз, за Македонија останува да го одигра уште мечот за 11 место со селекцијата на Хрватска, која загуби од Норвешка по удари од седум метри, утре со почеток во 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.