Ракометарот од Македонија, Дарио Петровски, заедно со екипата на Гвадалахара обезбедија пласман во Асобал лигата откако во 8.коло од плеј-оф фазата во Првата лига триумфираа на гостински терен против вториот тим на Барселона, со четири гола разлика, 31:35.
За Гвадалахара ова беше голем успех, бидејќи по пауза од една година клубот повторно се врати во шпанската елита, а удел во успехот на клубот имаше и ракометарот од Битола, кој се покажа во солидно светло.
По повод обезбедениот пласман во Асобал лигата, ракометарите на Гвадалахара имаа можност да им се обратат на своите навивачи за време на концертот на познатата рок група од Шпанија, Деспистаос.
Петровски во својот говор се обрати на шпански јазик.
View this post on Instagram