Белорускиот првак Мешков Брест ја прекина црната серија во Лигата на шампионите и славеше над Вардар со убедливи 31-22 во деветтото коло од елитната конкуренција.
Но, европски шампион не се победува секој ден, па во соблекувалната на домашниот тим по натпреварот дојде и спонзорот Александар Мешков.
Тој им честита за изданието на ракометарите, им порача дека има уште многу да се игра и дека шансите за осминафинале не се загубени.
„Не сме во театар – туку на бојно поле, не смеете да се плашите од никого. Покажавте дека можете, дали сте свесни дека го скршивте Вардар, не само физички туку и ментално, му ја скршивте „кичмата“ на европскиот шампион. Останува да победувате до крајот и да ја исполните целта, а тоа е пласман во осминафинале“, им порача Мешков на ракометарите.