Поранешниот селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ беше заменет на крајот на минатата година, а на негово место за селектор беше поставен Љубомир Врањеш, кој стигна до 4. позиција.
Вујовиќ, кој е тренер на ППД Загреб и понатаму е интересен за сите со своите коментари, а за медиумите во Словенија имаше изјава околу настапот на репрезентацијата на Европското првенство кое се одржа во јануари.
„Искрено не очекував да се случи такво нешто. Никој од Ракометната федерација на Словенија не дојде кај мене и не ми даде причини за за мојата смена. Сметам дека доколку останев на ова првенство че успеевме да освоиме медал. Со мене како селектор ние ќе бевме на подиумот. Никогаш не било полесно со оглед на тоа дека фаворитите како Данска и Франција отпаднаа уште во првата фаза од натпреварите“, коментираше Вујовиќ за Балкан Хендбол.
Словенците финишираа на 4. позиција откако во полуфиналето загубија од Шпанија, која подоцна стана шампиони, а во мечот за бронзата од Норвешка.