Вујо: Во Вардар дојдов на 15 дена, останав шест години!

Веселин Вујовиќ е тренер кој двапати се враќа на клупата на Вардар, голем пријател на првиот човек на клубот Михајло Михајловски и миленик на навивачката група „Комити“.

Неговиот престој во Скопје требало да трае само петнаесетина дена, но Вујо остана шест години.

„Во тој момент бев селектор на заедничката држава Србија и Црна Гора, а потоа во Црна Гора се случи референдум и таа се осамостои. Имав понуда да останам селектор на Србија, а од друга страна ме побараа да бидам селектор и на Црна Гора и што и да одлучев во тој момент ќе погрешев. Живеам во Србија, семејството ми е во Шабац, а Црногорец сум по потекло. Во тој момент се појави Михајло Михајловски. Се играа плеј-оф натпревари со Металург и ме праша дали би сакал да поминам 15-тина дена во Вардар, да му помогнам на клубот, па потоа ќе разговараме. Дојдов на 15 дена, не ја освоивме титулата, Металург со Цветковиќ стана шампион, но направив голем напредок во формата и во квалитетот на екипата. Селекторскиот договор ми завршуваше, а јас одлучив да останам во Вардар. Не мислев дека ќе бидам подолго од тие 15-20 дена, а останав шест години. Се повторува она никогаш не вели не.“

Комплетното интервју до Веселин Вујовиќ прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ: Единствен клуб во кој се гледам себе си е Вардар!