Вујовиќ за 24Ракомет ТВ: Ние дојдовме по трофеј, не се задоволуваме со второ место (ВИДЕО)
Ракометарите на Келце се првите финалисти на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн, откако во полуфиналето триумфираа против Веспрем, со резултат 35:37 (18:16). Избраниците на Талант Душебаев пласманот во финалето го обезбедија со подобрата игра во второто полувреме. Црногорскиот репрезентативец во редовите на Келце, Бранко Вујовиќ, во вторите 30 минути постигна два гола од три обиди и значително ја подобри играта во нападот на полскиот шампион. Младиот ракометар смета дека со неговите соиграчи покажале карактер во клучните моменти, а грешките од првиот дел, во второто полувреме биле сведени на минимум. Целосната изјава на десниот бек на Келце може да ја погледнете на видеото во продолжение.