понеделник, ноември 25, 2024

Во соседството на Лео Меси: Доленец ги стави во строј синовите, заедно на тренинг во карантин (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Словенија, Јуре Доленец е во карантин поради коронавирусот со семејството во Барселона. Куќата во која жиевеат е недалеку од живеалиштето на Лионел Меси. Главна занимација му се неговите синови, но и проблем бидејќи тешко се справува со вишокот на енергија. Сепак Доленец најде решение и ги стави во строј заедно со него да тренираат. Како што напиша и во описот, најважната работа во карантинот е трошење на енергијата на децата. Како изгледа тоа погледнете во следното видео...