ВО МЕЃУВРЕМЕ: Кога Валентина Радуловиќ „стрелаше“ за Кометал Ѓорче Петров (ВИДЕО)
Една од најдобрите ракометарки во историјата на женскиот македонски ракомет сигурно е Валентина Радуловиќ. Брзоногото лево крило можеби не го добиваше вниманието што го заслужува од ракометната јавност, но и покрај тоа никој не може да го оспори фактот дека имаше богата кариера во Кометал Ѓорче Петров, Хипо и Шлагелсе, која заврши во некогашниот кавадаречки тим Кабран Амбалажан на крајот на 2008 годин и со настап на ЕП во нашата земја. Погледнете неколку погодоци на Радуловиќ во дресот на Кометал Ѓорче Петров на натпревар против Кале Кичево за титулата во Женската лига пред 14 години...