ВО МЕЃУВРЕМЕ: Како Червар му се „закануваше“ на Кузмановски – ќе те пратам пешки дома! (ВИДЕО)
Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните моменти, погодоци, одбрани, асистенции....За денеска го одбравме моментот од групната фаза во Лигата на шампионите на натпреварот меѓу Баја Маре и Металург од сезоната 2015/2016. Гостувањето кај Баја Маре во Романија на крајот заврши со лесно продадена топка на Лука Мраковчиќ во нападот кој можеше да донесе израмнување (21:20), а токму на овој сегмент од играта имаше забелешки Лино Червар уште за време на еден од првите тајм-аути. Хрватскиот стручњак им замери на своите ракометари кои лесно ги „продаваат“ топките, а посебно на тапет се најдоа Филип Кузмановски и Марко Бувиниќ на кои им се закани дека ќе ги прати пешки да си одат до Скопје…