ВО МЕЃУВРЕМЕ: Знаевте ли дека Кире Лазаров на 15 години играше како десно крило за Борец Велес? (ВИДЕО)
По настапите за матичниот Овче Поле, кариерата на Кире Лазаров продолжи во велешки Борец. Тогаш голобрадиот Лазаров имаше само 15 години и играше како десно крило. Во златните денови на велешкиот ракомет, Борец играше во Лигата на шампионите, па убаво е да се знае дека дебито на Лазаров во елитната конкуренција не е во Пелистер, туку во велешкиот тим. Видеото во продолжение е од мечот меѓу Борец и Динамо Букурешт во елитната конкуренција во сезоната 1995/1996 година, кога македонскиот славеше со 27-18 и беше надоместена негатива од првиот меч во Букурешт, кога Борец загуби со 26-18. Лазаров може да го забележите на 1:30 во видео прилогот...