Во Македонија нема попуст за никого, се радуваме на ново учество на ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија- Шварцарија 02-05-2021

Репрезентативците на Македонија ветија победа против Швајцарија за Велигден и истата ја остварија откако денеска се изборија за триумф од 29:28 со што победнички ги финишираа квалификациите за Европското првенство. Со пет победи и само еден пораз убедливо се оди на завршниот турнир. Нашата селекција седми пат, односно шести пат по ред, ќе игра на континенталните собири, а ривалите за ЕП 2022 во Унгарија и Словачка ќе ги дознае на 6 мај.