ВЛОГ 1: Приказни од Дебрецин – патувања, граници, тестирања…и на крајот ракомет (ВИДЕО)

Редакцијата на 24Ракомет секојдневно ќе ви ја пренесува атмосферата од Дебрецин, каде што ќе игра македонската репрезентација на ЕП. Како помина првиот ден во овој град, во кој нема преголема еуфорија и освен еден или два билборди во центарот, нема ништо што ќе ви покаже дека се игра големо натпреварување, ќе може да видите во видео прилогот. По долгите патувања, чекања на граници, правење задолжителни ПЦР тестови, на крајот и ние можеме да здивнеме и со негативни тестови, ќе можеме да го следиме првиот настап на Македонија против Словенија...Немавме можност одблиску да го запознаеме градот на првиот ден, но понатаму ќе се случи и тоа.