Влах: Клучен фактор за победата против Вардар беше поголемата ротација (ВИДЕО)
Екипата на Целје ќе игра во финалето на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир, откако во последниот натпревар од групата Б триумфираше над бранителот на титулата Вардар, со резултат 36:28 (17:17). Целје со одличната игра во последните 20 минути целосно го надигра македонскиот шампион и ќе се обиде во своето второ учество на Струшкиот турнир да ја освои втората титула. Еден од ракометарите, кои што се покажаа во солидно светло против Вардар, Алекс Влах изјави дека клучен фактор за триумфот против „црвено-црните“ била поголемата ротација, која ја имала неговиот тим. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на средниот бек на словенечкиот шампион.