После 11 години во редовите на Веспрем, ветеранот од БиХ, Мирсад Терзиќ на крајот од оваа сезона го напушта шампионот на Унгарија. Ракометарот кој има 37 години, сепак, веќе успеа да најде клуб и кариерата ќе ја продолжи во првенството на Полска.
Тој веќе се има договорено со тимот на Висла Плоцк каде што ќе биде големо засилување за одбраната. Се работи за еден од најдобрите дефанзивци така што ќе биде од голема помош за екипата која во последните години ја губи битката со Келце во Полска.
Тренерот на Висла, Хавиер Сабате добро ги знае квалитетите на Терзиќ, па тој посака да го има во своите редови искусниот ракометар со кој ќе има далеку поцврста одбана во следната сезона.
Двајцата соработуваа во периодото од 2012 до 2017 година во Веспрем. Првите три години Сабате беше асистент, а потоа две години тренер така што ова ќе им биде обновување на соработката.